Европската ракометна федерација повторно е во проблеми поради коронавирусот и вторпат оваа сезона мораше да одложи натпревар од европските купови.
Натпреварот меѓу шведскиот Савехоф и бундеслигашот Магдебург од Лигата на Европа нема да се игра во утрешниот предвиден термин.
Германскиот тим веќе го одложи и викенд натпреварот против Либек од Бундес лигата, поради тоа што дел од ракометарите и стручниот штаб добија позитивен тест на коронавирус.
Новиот термин на дуелот од Лигата на Европа ќе биде дополнително познат, но со оглед на натрупаниот распоред на Магдебург, би требало да се игра на почетокот на февруари следната година.
Претходно ЕХФ го одложи поради сложените процедури за влез во Франција, дуелот меѓу Мец и ЦСКА Москва, но тој се одигра во меѓувреме.