Kино, филм и пуканки – со крими драмата „Куќата на Гучи“ се загреваа за Лигата на шампионите (ВИДЕО)

По дебаклот кај Веспрем, ракометарите на Динамо Букурешт ги чека еден од клучниите натпревари во Лигата на шампионите за место во следната фаза против Мотор Запорожје. Тренерот Чави Пасквал реши да поработи на тимската хемија. Ракометарите беа во кино, најпрво како загревање гледаа компилација на најдобрите моменти од европските натпревари на Динамо, а потоа ја гледаа крими драмата „Куќата на Гучи“.