По заминувањето на Никлас Ландин, бундеслигашот Кил има големи проблеми на голманската позиција.
Французинот Венсан Жерар кој беше ангажиран како заменa, мора да паузира одредено време поради повреда.
Германскиот „Килер Нахрихтен“ пишува дека „зебрите“ веќе се во потрага по замена и повторно таа ќе заврши во Франција.
Голманот на францускиот Данкерк, Самир Беласен, е многу блиску до трансфер во Германија и да формира дуо со чешкиот голман Томаш Мрква.
Кил е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и ќе гостува во Битола на 27 септември.