Kелце како Вардар – погледнете го лудиот пресврт против Барса! (ВИДЕО)

Ракометарите на Келце вторпат во шест дена го срушија европскиот првак Барселона. Иако во финишот на мечот губеа со 23-27, тие направија серија од шест гола, а не примија ниту еден за 29-27 и каталонците пак беа на колена пред момците на Талант Душебаев. Овој пресврт на Келце наликуваше на оној на Вардар од полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година токму против Барса, кога во финишот македонскиот тим стигна голема негатива и славеше над шпанскиот тим. Фото: РК Келце/Tomasz Fofara