По португалскиот среден бек Азеведо, тимот на Куманово кој влегува со големи амбиции за наредната сезона се засили со десен бек од Бразил.
Станува збор за поранешната репрезентативка на Бразил во младинските категории, Аманда Каролина Стеин.
25-годишната Стеин потекнува од Санта Катарина, играше за Кариацика, Жундиаи и Араракара во Бразил, а во Европа дојде во 2023 година.
Мина една сезона во косовскиот Феризај, пред да се пресели во грчкиот АЕК Атина, каде играше минатата сезона.
Куманово остана без голманката Марија Јовановска, па ќе мора да бара солуција и за таа позиција за наредната сезона.