Десниот бек Јуре Доленец реши да стави крај на богатата играчка кариера која ја градеше во Словенија, Франција, Шпанија и Хрватска.
Доленец за крај ја освои титулата во словенечкиот шампионат со Слован Љубљана и реши да затвори едно поглавје од неговиот живот.
До 2013 година играше за Шкофја Лока и Горење Велење, потоа четири сезони во Монпелје, исто толку во Барса, па две во Лимож.
Минатата сезона ја започна во хрватскиот Нексе Нашице, а ја заврши во Слован Љубљана, каде во иднина ќе ја извршува функцијата спортски директор.
За националниот тим на Словенија одигра 207 натпревари и постигна 714 погодоци.