Тимот на Шампион ја забележа првата победа во прволигашката конкуренција, откако славеше на гостински терен кај Кичево со убедливи 36-22.
Предводник на тимот на Слободан Чивлачки беше Давид Јовчевски кој постигна 14 погодоци во противничката мрежа.
Гостите поведоа со 5-1 по десетина минути игра, на паузата беше 19-10, а вториот дел беше само формалност.
Покрај Јовчевски, во победничкиот состав се истакна Божиновски со шест гола, а кај Кичево најдобар стрелец беше Тошев со седум погодоци.

























