Македонската репрезентативка Јована Мицевска сподели убава вест – таа во текот на вчерашниот ден стана мајка.
Мицевска и нејзиниот сопруг Петар Митев станаа горди родители на синче, кое го доби името Тадеј.
Голманката на Македонија во моментов е на пауза од ракометните терени и ги пропушти квалификациите за Европското првенство 2026.
Мицевска последно настапуваше во романскиот тим Слатина, претходно беше дел од Вардар и француската Ница.
























