Екипата на Овче Поле СУ, која во вториот дел од сезоната ќе игра во плеј-аут сегментот, доби големо засилување.
Во клубот од Свети Николе се врати Јована Конева, која во минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Женската лига.
Конева во првиот дел од тековната сезона настапуваше за Пелистер, а сега повторно ќе ги брани боите на матичниот клуб.
Младата ракометарка може да одигра на сите бековски позиции, па така тренерот Илија Бетувски ќе има повеќе опции во нападот.