Јована Кипријановска си замина од унгарскиот Сомбатељ

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска не е повеќе членка на унгарскиот тим Сомбатељ.

Унгарците објавија дека договорот со Кипријановска е раскинат спогодбено, па двете страни ќе тргнат по својот пат.

Македонката ова лето дојде во Унгарија по настапите во францускиот Ле Самбр Авенуа, а претходно беше дел од матичниот Куманово.

По заминувањето на Кипријановска, единствена Македонка во Сомбатељ ќе остане кружниот напаѓач Ивана Џатевска.