Селекцијата на Холандија славеше на пријателскиот натпревар кај Шведска со 30-29 на гостински терен во Гетеборг, во рамките на подготовките на двете селекции за Олимписките игри.
„Лалињата“ кои ги води Швеѓанецот Пер Јохансон иако губеа и со четири гола разлика, до полувремето ја намалија негативата, 17-15.
Во вториот дел најчесто се играше израмнето, но Холандија се одлепи во финишот на плус четири, 29-25, и на крајот успеа да слави победа.
Лин Блом беше најдобар кај Шведска со седум постигнати голови, додека Естевана Полман ја водеше Холандија со десет погодоци.
Швеѓанките се во група со Норвешка, Германија, Словенија, Данска и Кореја, додека Холандија ќе игра против Унгарија, Шпанија, Франција, Бразил и Ангола во Париз.