Поранешниот голман на Германија, Јоханес Битер, кој освои злато на Светското првенство 2007, објави крај на кариерата.
Искусниот Битер има 42 години, а од 2021 година настапува во Хамбург, клуб со кој ја освои титулата во ЛШ во сезона 2012/13.
Во својата клупска кариера настапуваше и за екипите на Штутгарт и Магдебург, а во 2020 реши да се повлече од репрезентативниот дрес.
Во иднина тој се очекува да биде во управата во Хамбург, а во меѓувреме работи и како спортски коментатор.