Кружниот напаѓач Владимир Јевтиќ кој остави голема трага во составот на Бутел Скопје, од лето ќе има нов клуб.
По одличните настапи во составот на Врање, Јевтиќ си обезбеди трансфер во амбициозниот Партизан предводен од Ѓорѓе Чирковиќ.
Јевтиќ во татковината играше за Слога, Металопластика, Пролетер Зрењанин и Железничар Ниш, пред да се пресели во романската Решица.
Од 2020 до 2024 беше дел од Бутел Скопје, а сега ќе игра за Партизан, кој освен на домашна има амбиции и на меѓународна сцена.