Селекторот на женската сениорска репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен, иако имаше договор со данската федерација до 2026, сепак, предвреме ќе го заврши својот мандат.
47-годишниот Јенсен реши да се повлече од селекторската функција, ќе ја води Данска уште пет месеци, односно до 30 јуни, потоа скандинавската земја ќе добие нов предводник
Младиот стратег селекторската функција ја извршуваше речиси пет години – од март 2020 година, а на последните две Европски првенства заедно со своите избранички го освоија сребрениот медал.
На Олимписките игри во Париз имаа забележителен настап и стигнаа до висок пласман, завршија како третопласирани на најголемата спортска манифестација.
Под негово водство Данска освои бронзен медал на Мундијалите во 2021 и 2023 година, а освен на репрезентативно ниво, одлични резултати имаше и со Есбјерг.