Една од поискусните репрезентативки на Црна Гора, Јелена Радивојевиќ, одлучи да им го отстапи местото на помладите во репрезентацијата и во иднина ќе биде посветена само на клупските настапи.
30-годишната Радивојевиќ, која е сопруга на пелистерецот Богдан, своето деби во сениорсиот дрес на Црна Гора го имаше на Европското првенство во Србија (2012).
Црна Гора во Белград направи голема сензација, го освои првото место на континенталниот собир, а кариерата на Радивојевиќ почна да се движи во нагорна линија, а двете поминати сезони во европскиот гигант Ѓер се само доказ за нејзиниот квалитет.
Во последните 13 години Радивојевиќ настапи на Олимписките игри во Токио, а дресот на Црна Гора го носеше на пет Европски првенства и исто толку Светски првенства.
Членката на Будуќност последниот репрезентативен настап го имаше во април минатата година на квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Париз.