Јехона со втора победа – во вториот дел го скрши Партизан Гевгелија

Ракометарите на Јехона ја остварија втората победа во вториот меч од новата сезона во прволигашката конкуренција.

Гостиварчани на домашен терен го совладаа составот на Партизан Гевгелија со убедливи 36-26.

Иако гевгеличани имаа реми на паузата, 17-17, а во првото полувреме и водеа во повеќе наврати, дозволија домашните да доминираат во вториот дел.

За десетина минути во второто полувреме Јехона даде четири гола по ред преку Давидоски, Тасески и Груевски за 21-17 и до крајот само ја згоелемуваше разликата.

Во следното коло Јехона ќе оди на гостување кај Вардар Неготино, додека Партизан Гевгелија ќе го пречека Текстилец.