Јехона се пофали со првото засилување

Новата екипа во Женската лига, Јехона од Гостивар, се пофали со првата нова ракометарка за претстојното деби.

Станува збор за левиот бек Марија Ѓорѓиевска, која во минатата сезона беше дел од составот на Шампион.

Ѓорѓиевска ќе биде првото име во составот на Фари Селмани, кој треба да дебитира во најсилната женска конкуренција.

Покрај Јехона, меѓу новите клубови во Женската лига треба да бидат Атлетик и Гевгелија Југ, а нема да биде изненадување ако има уште некој.