Јехона промовираше две нови ракометарки

Дебитантот во Женската лига во претстојната сезона, екипата на Јехона, го потврди ангажманот на уште две ракометарки.

Станува збор за Елена Ѓорѓеска, која настапува на голманската позиција и Сара Премческа, која настапува на среден бек.

Ѓорѓеска доаѓа од редовите на Шампион, додека Премческа последно настапуваше за Кузман Вардар.

Претходно Јехона ја донесе и Марија Ѓорѓиевска, лев бек од составот на Шампион

Покрај Јехона, меѓу новите клубови во Женската лига треба да бидат Атлетик и Гевгелија Југ, а нема да биде изненадување ако има уште некој, но РФМ допрва треба да реши околу системот на натпреварување.