Јехона промовираше двајца нови ракометари

Екипата на Јехона во продолжение од сезоната во прволигашката конкуренција ќе биде посилна за двајца нови ракометари.

Гостиварчани ги донесоа во своите редови младите Јован Трпески и Давид Ќиров кои доаѓаат од Тетово.

Трпески настапува на голманската позиција и ќе ја зголеми конкуренцијата меѓу стативите, додека Ќиров е кружен напаѓач.

Јехона има две победи на два меча досега во сезоната, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај Вардар Неготино.