Јехона почна со тренинзи за пролетниот дел од Првата лига – ростерот останува ист

Тимот на Јехона ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.

Целиот тек на подготовките ќе се одвива во салата „Младост“ во Гостивар, а ростерот на екипата останува без промени.

Тимот на Јехона се наоаѓа на делба на петтата позиција на табелата во Првата лига со освоени 14 бодови, исто колку што имаат Аеродром и Македонија Ѓорче Петров.

Пролетниот дел на сезоната од Првата лига ќе стартува на 14 февруари, а Јехона е слободна на стартот.