Јехона го има најдобриот прволигашки стрелец – двајца од Текстилец во ТОП 5

Откако се комплетираа 13 кола во прволигашката конкуренција, се спушти завесата на есенскиот дел, па време е за сумирање на постигнатото.

Прв стрелец по одиграни 13 меча во Првата лига е искусниот лев бек на Јехона, Адис Салиу со 120 погодоци или во просек по 9,23 по натпревар.

Втор на листата е членот на Текстилец, Јован Атанасовски со 112 гола, додека на третото место е Даниел Андоновски од лидерот Младост Богданци со 105 гола.

Филип Џинес од Текстилец, кој досега даде 103 гола и Давид Јовчевски од Шампион, кој има 100 (настапи на десет меча и има просек по 10 гола), ја комплетираат ТОП 5 листата на стрелци.

Сега има пауза во Првата лига, а натпреварите ќе продолжат на 14 февруари.