Екипата на Јехона од Гостивар на гостувањето во Ресен кај Преспа Вардар триумфираше со 29:22.
Гостите од самиот старт наметнаа свое темпо и во текот на сите 60 минути ја диктираа играта.
Домаќинот немаше ниту сили да се надигрува против расположените ракометари на Селмани и капитулираше веќе во првиот дел, кој заврши со предност од 20:7 за гостинскиот состав.
Преспа Вардар во второто полувреме искористи дел од падот на Јехона и успеа да го ублажи поразот.
Најефикасни во победничката екипа беа Дамјан Наумовски со десет погодоци и Мојсие Тасески со седум погодоци.
Кај Преспа Вардар прв стрелец беше Филип Шиклевски со шест погодоци, додека пет постигна Бојан Поповски.