Јефтиќ во последната секунда погоди за триумф на Бутел во Неготино

Бутел фати приклучок за плејофот откако во драматична завршница со голот на Владимир Јефтиќ во последните секунди му донесе триумф на својот тим од 22-21 на гостувањето кај Вардар Неготино. Со триумфот Бутел останува во игра за место што води во разигрувањето за титулата, а Вардар Неготино закован за дното на табелата без освоен бод.

Лесно можеше Вардар Неготино да биде тимот што ќе слави бидејќи имаше водство до 20-18 во 56 минута по пресвртот што го направија во второто полувреме. Но, брзоплетоста на Ѓорѓи Орешков во тие моменти со две технички грешки и загубени топки му го отворија патот на Бутел преку Николов и Бошковски да израмнат на 20-20, а потоа и да поведат со 21-20.

На неколку секунди до крај на средбата Лазар Адамовиќ со својот 11 гол израмни на 21-21, а потоа Бутел изведе „брз центар“ и Јефтиќ од половина терен го погоди празниот гол.

Следуваа бурни реакции од ве еклупи, домашните тврдена дека не е гол, гостите го велеа спротивното. Судии Митревски – Тодоровски мораа да ја прегледуваат снимката за да утврдат дали е гол, или не. На крајот потврдија дека е гол, и дека има уште некоја секунда за играње. Но, победникот беше решен, 22-21 за Бутел.

Првото полувреме тоа воопшто не покажуваше дека може да има ваква завршница. Бутел успеа во самат завршница на првото полувреме да поведе со 12-9 што му давеше надеж дека дома ќе се врати со бодови. Па и во второто полувреме имаше „плус 4“ за 14-10.

Тогаш како да се пробудија домашните кои полека почнаа да ја топат предноста и Адамовиќ израмни на 18-18. Србинот имаше серија од три гола по ре дсо кои Вардар поведе ссо 20-18 и на трбините имаше славје., Но, драмата на крајот им донесе радост на гостите од Скопје

Во тимот на Вардар Неготино најефиксен беше Лазар Адамовиќ со 11 гола, а по три гола постигнаа Драган Кузманов ио Петр Пеовски. Во тимот на гостите Филип Николов даде 8 гола, а Владимир Јефтиќ петпати погоди.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126