Селекцијата на Норвешка забележа победа на стартот на ЕП против Полска, но оттогаш ремизираше со Фарски Острови, па загуби од Словенија и Португалија.
Сепак тоа не е доволно за селекторот Јонас Виле да размислува воопшто да си замине од функцијата, иако јавноста како и секогаш очекуваше борба за медал од Норвежаните.
„Не планирам да ја напуштам селекторската клупа. Сакам да се одмаздам, да им покажам на сите дека се уште имаме добра репрезентација. Сите очи се вперени кон мене, имам огромни критики, па добив чувство дека цела нација мисли за мене дека сум неспособен. Ништо полошо од тоа немам доживеано, но нема да дозволам да ме скрши. Сакам одмазда“, изјави Виле.
Норвешка ја чекаат натпревари со Данска, Шведска и Холандија до крајот на главната рунда, но шансите за полуфинале се загубени.