Репрезентацијата на Романија не успеа да обезбеди четвртфинале на Светското првенство 2023 и настапот на Мундијалот го заврши на 12. позиција.
Романките во групната фаза за ривали ги имаа репрезентациите на Данска, Србија и Чиле, изгубија само од Данска и главната фаза ја стартуваа со два бода. Сепак, во борбата за едно од првите две места во третата групата, избраничките на Флорентин Пера не успеаја да дојдат до посакуваната цел.
Триумфираа против Јапонија и Полска, но високиот поразот од Германија беше клучен за загубените шанси за место меѓу најдобрите осум светски репрезентации.
Романската репрезентација покрај тоа што не обезбеди четвртфинале, остана и без квалификации за Олимписките игри, бидејќи гол-разликата решаваше Словенија и Унгарија да бидат подобри и да обезбедат место во квалификациите за ОИ.
И покрај неуспехот, селекторот на Романија, Флорентин Пера, по добиениот дуел против Полска но со недоволна разлика, се радуваше на теренот, па неговата реакција предизвика негативни коментари кај романската јавност.