Јасухира се враќа во Европа!

Средниот бек Косуке Јасухира по настапите во Кувајт, во тимот на Бурган, најверојатно ќе се врати во Европа.

Според пишувањата на „RTHandball“, Јасухира е на мета на бундеслигашот Магдебург, кој има големи проблеми со повредени играчи.

Се повредија шведскиот плејмејкер Феликс Клар, кој би требало да се врати наскоро, но и Мануел Зендер, па Магдебург бара алтернативи.

Јасухира веројатно го привлекува играњето во Лигата на шампионите, па реално е за очекување да се врати наскоро во Европа.