Јасухира се прости од Вардар – еве што порача

Репрезентативецот на Јапонија, Коскуе Јасухира, кој во тимот на Вардар одработи една сезона, ќе има нов предизвик во својата интернационална кариера.

Миленикот на вардаровите навивачите ќе се пресели во Кувајт, поточно во екипата на Бурган. Јасухира беше позајмен од Висла Плоцк во македонскиот вицепрвак, но полскиот шампион бараше многу висока оштета за да го ослободи од обврските.

За тимот од Кувајт високата оштета не претставуваше проблем, испрати примамлива понуда до Јасухира и успеа да го добие „самурајот“.

Јапонецот иако мина една сезона во редовите на „црвено-црните“, сепак, за кратко време ги собра симпатиите на вардаровите навивачи, но и на македонските љубители на ракометот.

Јасухира со Вардар го освои Супер Купот на Македонија и турнирот во Струга, на кој беше прогласен за најкорисен играч, односно МВП.

Средниот бек преку социјалните мрежи се прости од Вардар и му се заблагодари на клубот за сите прекрасни моменти.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kosuke Yasuhira (@anpinyasu)

 

 

 

Вардар останува без Јапонецот – Јасухира се сели во Кувајт!