Селекцијата на Јапонија, предводена од екс вардарецот Косуке Јасухира, славеше против Фарски Острови со 31-25 во вториот пријателски натпревар.
Јасухира беше најдобар стрелец со осум голови во селекцијата на „самураите“ кои се подготвуваат за настап на Олимписките игри.
Во составот на Фарски Острови кои победија на првиот меч, по четири гола имаа Скипаготу, Нордберг и Расмусен.
Јапонците ќе бидат на тежок испит во Париз и ќе играат во групата со Шпанија, Германија, Шведска, Хрватска и Словенија.