Селекторот на машката репрезентација на Јапонија, Тони Херона, ќе има на располагање 18 ракометари за двете средби против Македонија.
Тој реши да повика 17 ракометари од домашното првенство и само еден интернационалец, Југа Еномото од српскиот вицепрвак Војводина.
Херона на двомечот со Македонија ќе експериментира со составот и не ги повика екс вардарецот Косуке Јасухира кој најави дека не сака да игра за нациоанлниот тим, актуелниот вардарец Харуки Кавада, потоа некогашниот член на Охрид, Хироки Мацуока, па десниот бек од катарскиот Ал Духаил, Шиносуке Токуда…
Јапонија се подготвува за настап на Азиското првенство што ќе се одржи во јануари 2026 во Кувајт, а „самураите“ ќе бидат во група со Иран, Саудиска Арабија и Австралија.
Состав на Јапонија:
Такуми Накамура – Тојота Госеи Блу Фалкон
Томоја Сакураи – Тојота Ауто Боди Брејв Кингс
Тајга Цутаја – Зикстар Токио
Томоки Ишида – /
Наоки Сугиока – Тојота Ауто Боди Брејв Кингс
Јута Ивашита – Зикстар Токио
Адам Јуки Бејгу – Зикстар Токио
Џин Ватанабе – Тојота Ауто Боди Брејв Кингс
Дајсуке Окамото – Тојота Ауто Боди Брејв Кингс
Акио Хашимото – Зикстар Токио
Тацки Јошино – Тојота Ауто Боди Брејв Кингс
Коутаро Мизумачи – Тојота Госеи Блу Фалкон
Југа Еномото – Војводина (Србија)
Шиња Јамада – Тојота Ауто Боди Брејв Кингс
Ута Иреј – Зикстар Токио
Дајсуке Танака – Тојота Госеи Блу Фалкон
Акихиде Асано – Тојота Госеи Блу Фалкон
Соја Ичихара – Тојота Госеи Блу Фалкон























