Јанкуловска со одлична партија – Славија Прага ќе се бори за трофеј во Купот на Чешка!

Тимот на Славија Прага, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, обезбеди место во финалето на Купот на Чешка.

Славија Прага славеше во полуфиналниот натпревар против составот на Сокол Поруба со 37-26, иако на полувремето имаше само гол предност, 18-17.

Јанкуловска беше меѓу најдобрите ракометарки во победничкиот тим и успеа да постигне пет погодоци во противничката мрежа.

Ривал на Славија Прага во мечот за трофејот во Купот на Чешка ќе биде Бањик Мост, кој во полуфиналето беше убедлив против Кинжварт и славеше со 32-22.