Тимот на Славија Прага, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, обезбеди место во полуфиналето на Купот на Чешка.
Славија Прага славеше во четвртфиналната средба против Сокол Пишек со 30-25 и обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи.
Јанкуловска беше меѓу најдобрите во победничкиот тим и успеа да постигне три погодоци во противничката мрежа.
Славија Прага и Јанкуловска допрва ќе го дознаат ривалот во полуфиналето на Купот на Чешка што ќе се игра кон крајот на јануари 2026 година.

























