Ракометарките на Металург Автокоманда со победа ја завршија есенската полусезона и на второто место во Супер женската лига.
Избраничките на Јулијана Дамчевска славеа против Астибо со 36-28, иако во еден момент штипскиот тим беше само на минус еден.
Домаќинките одиграа рутински, но во второто полувреме мораа да го засилат темпото и на крајот прославија убедлив триумф.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Јанкуловска со 11 и Ана Марија Коларовска со девет гола, а кај Астибо, Марија Анчева даде 13 погодоци.
На табелата на лидерската позиција е Ѓорче Петров со 23 бода, Металург Автокоманда има исто толку но поради поразот кај „лавиците“ е втор, додека Чаир е трет со 22 бода.
























