Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Дарко Јанев, го објави списокот за собир за претстојната ЕХФ недела.
Јанев ќе смета на 20 ракометарки кои ќе се соберат на 4 април и ќе тренираат четири дена како дел од подготовките за СП.
На овој список се наоѓаат и кадетски репрезентативки, а за СП ќе биде дополнет и со ракометарки кои во моментов се дел од сениорската репрезентација.
Мундијалот за младинки ќе се игра во три сали во Скопје од 19 до 30 јуни оваа година, а Македонија ќе има шанса да ја избере групата во која ќе игра.