Јанев: Ќе целиме со победа да го завршиме настапот на СП

Женската младинска репрезентација на Македонија во претпоследниот натпревар на Светското младинско првенство во Скопје загуби од Кореја со 34:19.

Младинките по денешниот пораз ќе се борат за освојување на 15. позиција на младинскиот Мундијал, а ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде Кина, која денес загуби од Египет со 25:20.

Селекторот на Македонија, Дарко Јанев, го анализираше денешниот пораз од азиската земја.

,,Се беше во ред додека игравме според договореното. Меѓутоа, кога беа во прашање индивидуалните игри и во напад и во одбрана, кикснавме. Девојките се чувствуваат истрошено, имавме многу лоша игра, но повеќето од играчите добија минутажа, а во одредени моменти од натпреварот не бевме лоши. Сега ни претстои натпреварот против Кина и ќе целиме со победа да го завршиме настапот на младинскиот Мундијал“, изјави Јанев.

 

Македонија загуби од Кореја и ќе игра за 15 место на СП