Јанеска најдобра ама попусто – Трабзон елиминиран, Младеновска со Безансон на чекор до трета рунда

Изминатиот викенд се одиграа првите натпревари во женската Лига на Европа од второто квалификациско коло и од ЕХФ Европскиот Куп.

Во Лигата на Европа веќе е познат првиот патник во третата рунда, а тоа е српскиот првак Црвена Звезда, која беше подобра во двомечот со швајцарскиот Шпоно Иглс, кој се играше во Србија.

Сара Ристовска не беше во составот на Рапид Букурешт, кој се враќа победнички од кај Хипо и ќе има лесна задача за пласман во третото коло.

Ива Младеновска постигна два гола во триумфот на нејзиниот Безансон против чешкиот Бањик и со залиха од шест гола патуваат на реванш.

Лига на Европа, второ квалификациско коло, резултати:

Шпоно Иглс – Црвена Звезда 23-37, 24-29
Молде – Скара 27-24
Хипо – Рапид Букурешт 24-32
Брул – Цирих 23-36
Унирек – Валур 30-31
Безансон – Бањик Мост 34-28
Савехоф – Бенфика 29-28
Јаликавак – Хорсенс 25-24

Во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп изминатиот викенд се пласираа италијанскиот Ериче и австрискиот Ацгерсдорф по двојниот триумф над српскиот Железничар и израелскиот Холон.

Таму се пласира и полскиот Елблаг, кој беше подобар во двомечот со турскиот Трабзон на Моника Килдан Јанеска, која беше најдобра во реваншот со осум гола. Иако двата меча се играа во Турција, сепак полскиот тим оди понатаму.

Во третото коло е и холандскиот Венло, кој по две продолженија го елиминира Х71 од Фарски Острови со кој требаше да игра двомеч, но се игра само еден дуел.

Поради тоа што холандската екипа не можеше да слета навреме за првиот дуел на Фарски Острови поради лошите временски услови, ЕХФ одлучи дека ќе се игра само една средба, а иако Х71 водеше во 35-32 на 100 секунди до крајот, сепак Венло стигна до реми. Потоа во продолженијата беше подобар и заслужено оди понатаму.

Ивана Гакидова постигна еден погодок за полскиот Кобержице во поразот од турскиот Ускудар, додека Ангела Костовиќ беше стрелец на два гола за босанската Крајина во поразот од хрватскиот Сплит.

ЕХФ Европски Куп, второ коло, резултати:

Ериче – Железничар 46-25, 37-29
Каскада – Куманово 32-25
Елблаг – Трабзон 39-32, 29-30
АЕК Атина – Селфос 32-26
Кобержице – Ускудар 30-31
Ацгерсдорф – Холон 39-20, 41-19
Бети Онак – Галичанка 26-25
Криваја – Дусло Сала 27-36
Литија – Бјала 28-27
Вестфрисланд – Брага 28-26
Ајдовшчина – Чаир 27-24
Х71 – Венло 39-40 прод. (35-35, 37-37)
Елче – Дунајска Стреда 31-21
Винтертур – Шќипоња 38-23
Сплит – Крајина 37-29