Тимот на Трабзон Ортахисар, каде што игра македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан, запиша нова победа во турскиот шампионат.
Во натпреварот од 13 коло, Трбазон на домашен терен славеше против незгодниот Ускудар со 34-33, најмногу по заслуга на Јанеска.
Таа покрај тоа што беше стрелец на победничкиот погодок, беше и најдобра на теренот со седум погодоци заедно со Сарикаја и Оздемир.
Трабзон и Јанеска сега се на четвртото место со 13 бодови, а тоа е последното што води во плеј-офот за титулата.