Јанеска Килдан и наредната сезона ќе игра во Турција

Македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан и во наредната сезона ќе настапува во турскиот шампионат.

Таа ја продолжи соработката со нејзиниот тим Трабзон Ортахисар и ќе ги брани боите на клубот и во сезоната 2025/26.

Трабзон Ортахисар го освои петтото место оваа сезона во турскиот шампионат, а за тоа големи заслуги одат на адреса на Македонката.

Јанеска и турскиот клуб покрај настапите на домашна сцена би требало да бидат активни и во ЕХФ Европскиот Куп.