Јанеска Килдан го водеше Трабон до триумф во Турција

Тимот на Трабзон Ортахисар, каде што игра македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан, славеше победа во турскиот шампионат.

Трабзон на домашен терен беше подобар од Анкара Јурдум со 36-31 и ја продолжи победничката серија на три меча.

Меѓу лидерите во домашниот тим беше Јанеска Килдан, кој успеа седум пати да погоди во противничката мрежа.

Трабзон е на четвртата позиција во турското првенство, а следен предизвик за клубот на Јанеска Килдан ќе биде домашниот дуел со лидерот Бурса.