Тимот на Трабзон Ортахисар, каде што игра македонската интернационалка Моника Килдан Јанеска, запиша пораз во турскиот шампионат.
Трабзон Ортахисар на Јанеска Килдан загуби на гостински терен кај Ускудар со 31-27 во натпревар од 9 коло.
Македонската интернационалка и покрај поразот беше најзабележителна на теренот во двете екипи и постигна 11 голови во домашната мрежа.
Трабзон Ортахисар има девет бодови на четвртото место на табелата, а тоа е последно што води во плеј-офот.
Во следното коло Јанеска Килдан и нејзиниот тим ќе играат на гостински терен кај Гозтепе.























