Тимот на Трабзонспор Ортахисар каде што игра македонската репрезентативка Моника Килдан Јанеска запиша нов триумф во турскиот шампионат.
Во натпреварот од 11 коло во Турција, Трабзонспор славеше на домашен терен против Јенимале со 37-29.
Јанеска Килдан беше меѓу најдобрите во победничкиот тим и успеа да постигне седум погодоци во мрежата на гостинската екипа.
Трабзон Ортахисар и Јанеска со 11 бодови се наоѓаат на петтото место на табелата, а во следното коло гостуваат кај Јаликавак.