Словенија по триумфот над Македонија со 38-27 обезбеди место на ЕП 2026, откако претходно славеше и во Скопје со 32-26.
Капитенот Блаж Јанц вели дека како капитен верувал во две победи на неговата репрезентација во Скопје и Копер.
„Можеби јавноста имаше некои сомнежи пред двомечот со Македонија, најмногу поради отсутните ракометари во нашата репрезентација. Од првиот ден кога се собравме, како капитен, верував во две победи. Сите момци имаат важни улоги во своите клубови, тоа го потврдија во двата меча. Многу сум среќен, посебно по триумфот во Скопје, кој го остваривме по само еден заеднички тренинг“, изјави Јанц.
Словенија веќе може да прави планови за ЕП 2026, а Македонија ќе се бори со Естонија и Литванија во мај за местото на континенталниот собир.