Јана Ѓошевска и наредната сезона ќе игра за Металург Автокоманда

Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда полека го формира играчкиот ростер за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

Левото крило Јана Ѓошевска, која беше една од најдобрите стрелци во тимот на Јулијана Дамчевска, ја продолжи соработката за уште една сезона.

Претходно Металург Автокоманда ги договори Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска и Сара Ристовска.

Договорите беа продолжени со голманката Софи Гошевска, десните крила Мина Ѓурческа и Марија Гугуљанова, како и левиот бек Марија Јанкуловска.

Металург Автокоманда минатата сезона го освои второто место и играше на Ф4 во Купот на Македонија, а претстојната сезона покрај на домашна сцена, ќе биде активен и во ЕХФ Европскиот Куп.