Јакобсен: Ние сме големи фаворити против Македонија, но првиот меч секогаш е посебен

Еден од домаќините на Европското првенство, Данска, ќе го стартува настапот на континенталниот собир со дуел против Македонија.

Актуелниот светски и олимписки првак, сака да ги обедини титули, а селекторот Николај Јакобсен, го најави стартот на ЕП и враќањето во Хернинг.

„Чувството е одлично. Ова е неверојатно место за нас, како ракометари. Тука го освоивме нашето прво Светско првенство во 2019 година, а игравме тука и минатата година на СП 2025, шест натпревари кои исто така беа неверојатни. Секако, со оваа арена и со 15.000 дански навивачи ќе добиеме огромен поттик. Тоа сме го искусиле и претходно и тие се подготвени да нè носат напред. Има неколку момци кои беа тука во 2019 година, а некои го доживеаја тоа за првпат минатата година. Првиот натпревар секогаш е малку чуден, затоа што треба да се влезе во турнирот. Но сега имаме искуство, а 15.000 дански навивачи многу ќе ни помогнат. Тие имаат млад тим. Ние сме големи фаворити, тоа го знаеме, но првиот натпревар секогаш е посебен. Влегуваме подготвени и знаеме што треба да направиме. Знаеме дека треба да победиме на девет натпревари, а првиот почнува во петок. Исто така знаеме дека имаме голема самодоверба, па можеме да погледнеме во себе и да кажеме дека ако играме навистина добро, тешко е да бидеме победени“, изјави Јакобсен.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра в петок во „Јуске Банк Боксен Арена“ со почеток од 20:30 часот.