Ракометарите на Вардар утре ги чека голем предизвик и дуел со португалската Бенфика, на кој со победа може да се доближат и до второто место во групата од главната рунда во Лигата на Европа.
Тренерот Иван Чупиќ можеби нема да смета на еден од најдобрите ракометари – Словенецот Јака Малус.
Тој се повреди на дуелот во Автокоманда, не тренираше вчера, нема да тренира и денеска, а медицинскиот тим ќе одлучи дали ќе игра, иако тренерот Чупиќ не сподели повеќе детали за повредата.
„Без Јака или со него, утре ќе имам тешка задача да изберам кои шестмина нема да играат против Бенфика. Но и без него и со него, целта е иста – победа над Бенфика“, изјави Чупиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Бенфика се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

























