Силниот ПСЖ, кој има најбогат буџет во Франција, против Лимож одигра во слично сценарио како против македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Избраниците на Рагул Гонзалез иако беа големи фаворити против Лимож, до посакуваните два бода стигнаа дури во последната секунда.
Стрелец на победничкиот гол на „светците“ беше новото засилувања Јахја Омар, кој беше и најефикасен во победничката екипа со седум реализации.
ПСЖ во првото коло од ЛШ играше против Еурофарм Пелистер и на своите навивачи тогаш им приреди слична драма.
Тимот предводен од Гонзалез во второто коло од елитното натпреварување ќе гостува во Унгарија кај Веспрем, додека во домашниот шампионат во 3. коло ќе биде домаќин на Данкерк.