Најдобриот играч на последниот Ф4 во Купот на Македонија, Томислав Јагуриновски кариерата ќе ја продолжи во Германија. Актуелниот македонски репрезентативец, 26-годишниот леворак играч потпиша договор со екипата на Десау, во 2. Бундеслига.
Ова ќе бид евтор интернационален предизвик за Јагуриновски, кој претходно играше една сезона и на Исланд. 24Ракомет неодамна најави дека Јагуриновски заминва од Вардар и дека кариерата ќе ја продолжи во Германија.
„Ова е важен чекор за мојата кариера. Да излезам од својата комфорна зона, да запознам нова земја, нов јазик и да играм во една од четирите најсилни лиги во светот – тоа е голем предизвик. Десау е традиционален и амбициозен клуб. Ќе дадам сè од себе, заедно со тимот, за успех на клубот и навивачите,“ – изјави Јагуриновски.
Германците го претставија Јагуриновски како играч кој пристигнува „во врвна форма и со силна репутација“
„Со Томислав добиваме искусен репрезентативец кој ќе ја засили нашата одбрана и напад. Тој е тимски играч, борбен и посветен, со одлични „1 на 1“ квалитети и цврста дефанзива. Вистинско засилување за нашата десна бековска страна, изјави Вања Радиќ, спортски директор на Десау.