Јагуриновски се „спаси“ од проблеми

Новиот клуб на македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски, Десау Рослер успеа да го обезбедат опстанокот во Втората Бундес лига, откако денеска славеше победа од 30-24 во повторениот натпревар против Тусем Есен.

Првично, натпреварот се одигра во април и заврши со тесна победа на Десау од 28-27, но поради спорна ситуација во самиот финиш, Судот во Германија наложи преигрување.

Одлуката донесе огромен притисок, бидејќи разликата меѓу екипите на табелата беше минимална, а пораз ќе значеше испаѓање за Десау во Третата лига.

Сепак, во повторениот меч, Десау покажа зрелост и карактер, победувајќи уште поубедливо, со шест голови разлика, и така го осигура опстанокот меѓу второлигашите, а со тоа го „спаси“ Јагуриновски од проблеми и играње во понизок ранг.