Охрид запиша вреден триумф над Еурофарм Пелистер со 29-25 во 17 коло од Супер машката лига во преполниот СРЦ „Билјанини Извори“.
„Гладијаторите“ во еден момент имаа и девет гола предност, 27-18, но македонскиот шампион успеа да се врати на пристојна негатива.
Меѓу оние што дадоа свој придонес во победата беше и десниот бек Томислав Јагуриновски, кој го потенцираше пресудниот момент.
„Многу тежок меч. Водивме со многу голови разлика, но морам да кажам дека Еурофарм Пелистер имаше тешки натпревари во претходнио период. Пресуди нашата желба да се покажеме и да победиме пред домашната публика. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и наредниот период“, изјави Јагуриновски.
Охрид во последниот натпревар од оваа календарска година ќе му гостува на Радовиш.
📷 ПОБЕДНИЧКО СЕЛФИ НА ОХРИД – „гладијаторите“ земаа шампионски скалп

























