Јагуриновски: Охрид е македонскиот бисер, чест ми е што доаѓам во ваков колектив

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски е најновото засилување за амбициозниот Охрид.

Десниот бек потпиша договор на две сезони со „гладијаторите“ и ги сподели првите импресии по промоцијата.

„Чест ми е што ќе се придружам на колектив како Охрид кој има голем напредок и амбиции како клуб. Охрид е македонскиот бисер и е задоволство да се игра за овој дрес и овие навивачи. Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за подобри резултати и исполнување на амбициите на клубот“, изјави Јагуриновски.

Претходно Охрид се засили со средниот бек Младен Крсманчиќ, а нема да биде изненадување ако биде донесено уште некое засилување во следниот период.