Јагуриновски до прв трофеј со Десау

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски го освои првиот трофеј со новиот клуб Десау.

Неговиот тим славеше три пати во два дена и беше најдобар на турнирот чиј домаќин беше Гросвалштат.

Десау на првиот дуел славеше против Родгау со 21-18, а Јагуриновски погоди еднаш на оваа средба.

Во вториот меч на турнирот „Унтермаин Куп“, Десау го победи Кирцхел со 26-16, а на овој дуел македонскиот бек имаше три реализации.

Во финалето, Десау беше убедлив против Гросшвалтат и славеше со 45-33, a Јагуриновски даде еден погодок.